Приштина и Тирана потпишаа договор за воена соработка

од Vladimir Zorba
308 прегледи

Министерот за одбрана на Косово, Арменд Мехај и албанскиот министер за одбрана, Нико Пелеши, денеска потпишаа договор за воена соработка.

По состанокот, Мехај рече дека разговарале за создавање „правна основа“ за нивните заеднички воени активности и додаде дека потпишаниот договор вклучува „интеграција на Косово во НАТО и регионот“, пренесе „Економија онлајн“.

„Сега учествуваме во операции во странство, имаме членови во Кувајт и нашата цел е да учествуваме во операции надвор од земјата“, рече Мехај.

Слични содржини