Германија денеска вети 40 милиони евра за зголемување на хуманитарната помош за цивилите во Газа, каде според Обединетите нации, над 52.000 Палестинци се раселени поради последните израелски воздушни напади.
„Денес ќе лобирам за подобра хуманитарна помош во Газа“, рече германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас пред состанокот со колегите од другите земји на Европската унија за да разговараат за ситуацијата во Израел и Газа.
Мас додаде дека Германија ќе обезбеди 40 милиони евра за тие цели.
Во исто време, тој ги осуди ракетните напади на Хамас врз Израел од Појасот Газа и истакна дека Израел има право на самоодбрана, пренесе Танјуг.