Регистрацијата на руската вакцина „Спутник V“ во Европа се одложува по наредба од влијателните кабинети на ЕУ, а зошто тоа се случува треба да го утврдат само граѓаните на европските земји и локалната полиција, изјави директорот на руската служба за надворешно разузнавање Сергеј Наришкин.
„Европската агенција за лекови, која е надлежна за регистрација на сите лекови, ја одложува регистрацијата на руската вакцина. Не сакам да ги обвинувам експертите на ЕМА, но сигурно знаеме дека ова одложување има врска со соодветните сигнали што доаѓаат од влијателните кабинети на ЕУ“, рече Наришкин за „Канал еден“.
Тој додаде дека без разлика дали причините се само од политички карактер или дали е присутен и економскиот фактор, граѓаните на европските земји и полицијата треба да се справат со тоа.
„Но, тоа е едноставно неморално“, рече главниот руски разузнавач.
Да потсетиме, Наришкин рече дека Русија има информации дека ЕУ подготвува пропагандна кампања за да ја обвини Русија за охрабрување на движењето против вакцинација во странство.
Европската агенција за лекови (ЕМА) започна со тестирање на руската вакцина на 4 март. Извор запознат со процесот рече дека одлуката за конечно одобрување може да биде донесена во мај.