277
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на Чаир изречени се вкупно 88 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 11, осум за возење без возачка дозвола, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се пет санкции за користење мобилен телефон, 23 прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, шест за некористење сигурносен појас.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.