Од 7 јуни се отвара уште една земја за туристи кои не се граѓани на ЕУ

од Vladimir Zorba
277 прегледи

Шпанија ќе им дозволи на луѓето кои не се од земјите-членки на Европската унија, вакцинирани против Ковид-19, да влезат во Шпанија од 7 јуни, изјави денеска шпанскиот премиер Педро Санчез

„Новото правило ќе се применува на вакцинираните патници без оглед на нивната земја на потекло“, рече Санчез, наведувајќи ги САД како пример, пренесува Ројтерс.

Сепак, тие мора да имаат сертификат со кој се докажува дека примиле вакцини одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА) или Светската здравствена организација (СЗО).

Тој исто така најави дека од 24 мај, Шпанија ќе им дозволи на туристите од земјите кои не се членки на ЕУ и за кои се смета дека носат мал ризик од инфекција да влезат во Шпанија без негативен ПЦР тест.

На списокот, меѓу другите, ќе бидат и Велика Британија, како и Австралија, Нов Зеланд и Израел.

Говорејќи ден откако Европската унија постигна договор за дигитални сертификати за вакцини, Санчез рече дека рестартирањето на туристичкиот сектор ќе биде клучен двигател на економското закрепнување на Шпанија.