Папата Франциск ќе го добие првиот електричен папски автомобил

од Vladimir Zorba
261 прегледи

Фискер планира да го испорача првото исклучиво електрично возило со сончев покрив за папата Франциск следната година, објави американската компанија.

Фискер ќе го покрие својот модел „Океан“, наменет за Папата, со подвижна стаклена купола, додека внатрешноста ќе биде изработена од одржливи материјали. На пример, теписите ќе бидат направени од рециклирани пластични шишиња.

Коосновачот на компанијата, Херник Фискер, претходно дизајнер на британската марка луксузни автомобили Астон Мартин и д-р Гета Гупта-Фискер се состана со поглаварот на Католичката црква во Ватикан, соопшти компанијата, пренесе Хина.

„Бев инспириран да прочитам дека папата Франциск е многу внимателен кон животната средина и влијанието на климатските промени врз идните генерации“, рече Фискер.

Почетокот на производството на теренецот „Океан“ е планиран за ноември следната година, во соработка со производителот Магна во Европа.

Компанијата не ја откри цената на модифицираното возило за Папата, но најевтиниот „Фискер Океан“ во САД чини 37.499 долари, а 32 илјади евра во Германија.

Минатата година Папата доби специјална Тојота Мираи на водород.

Слични содржини