„До овој момент, јас немам никаква службена информација за постоење на таква постапка. Ниту до мене е доставена иницијатива од наделжно лице“, согласно Закон, реагира во изјава за „Локално“ промотерот на „Македонски концепт“, Петар Богојески откако се појави информацијата дека Министерството за одбрана има покренато постапка против него за утврдување на дисциплинска одговорност поради ксенофобични објави на социјалната мрежа Фејсбук.
„Доколку такво нешто навистина постои, откако ќе добијам соодветна документација ќе можам да ги коментирам аргументите. Забележав на соцојалните мрежи наводна изјава од МО дека таква постапка е покрената. Таа изјава на МО беше злоупотребена од една терористичко – џихадистичка келија во Македонија. Терористите се обидоа да се пофалат и прикажаа дека Радмија Шекеринска, но пред се МО, а со тоа и НАТО, застануваат на страна на џихадистичкиот тероризам на Хамас и здруженијата за „слободна Палестина“, во кои се активисти тие лица. Можеби тој што ја дал таа изјава, доколку е вистинита, не бил свесен што прави. Дека не е ова Шарената револуција, па да си играат држава. Туку дека со таа изјава натовската АРМ и натовското МО ги ставаат на страната на џихадистичко терористичко криминални групи и келии во Македонија. Очекувам МО да се допрецизира во изјавата. Лично јас ќе побарам објаснување од надлежните за односи со јавност на МО“, реагира Богојески.
Од МО, во изјава за медиумите информираа дека нема да толерират било каква форма на дискриминација а административни службеници во јавните настапи на социјалните мрежи или во каков било друг облик на комуникација.