СДСМ: Николоски го изгуби кредибилитетот како политичар, да одговори каква е неговата улога во случајот „кавијар дипломатија”

од Vladimir Zorba
296 прегледи

„Цела македонска јавност гледа, додека Зоран Заев се бори за татковината, за граѓаните, и добива силна поддршка од цела ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ седи на страна, плука и одмага“, реаграат од СДСМ.

„Државата ги исполни сите критериуми за почеток на преговорите, сега Европската унија е на потег, да го испорача ветеното.

Наместо да се приклучи со поддршка, Мицкоски, Николовски и неговата ВМРО ДПМНЕ се молат и прават сé` Република Северна Македонија да не успее.

Но, залудно Николовски и ВМРО ДПМНЕ навиваат против Република Северна Македонија во НАТО и ЕУ.

Александар Николовски извор на лажни вести, демантиран од странски амбасади, одамна го изгубил кредибилитетот како политичар. Тој на јавноста прво треба да и одговори која и каква е неговата улога во случајот “кавијар дипломатија”.

Како послушник на Никола Груевски токму тој заедно со неговиот шеф Мицкоски се виновни за 11 годишната меѓународна изолација на државата“, додаваат оттаму.

Слични содржини