Американски медиуми: Истражување за можната врска помеѓу Фајзер и Модерна со срцеви проблеми кај младите

од Nikola Popovski
269 прегледи

Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) ги испитуваат извештаите дека мал број на тинејџери и млади возрасни вакцинирани против коронавирусот имале срцеви проблеми. Се чини дека нарушувањето се случило претежно кај адолесценти и млади возрасни лица, околу четири дена по втората доза на Модерна или Фајзер/Бионтек.

ЦДЦ испитува неколку десетици извештаи дека тинејџери и млади возрасни лица по вакцинацијата може да развиле миокардитис, воспаление на срцевиот мускул, објави „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на извештајот на агенцијата за безбедност на вакцините, пренесува Танјуг.

Имало „релативно малку“ случаи и тие можеби не се целосно поврзани со вакцинацијата, се вели во весникот, повикувајќи се на изјава од групата за безбедност на вакцините на ЦДЦ.

Агенцијата допрва треба да утврди дали има докази дека вакцините предизвикале проблеми со срцето, додава њујоршкиот весник.

На почетокот на овој месец, САД ги одобрија вакцините на Фајзер/Бионтек за деца на возраст од 12 до 15 години.

Слични содржини