Секретарот за односи со јавност на Белата куќа, Џенифер Псаки, за новинарите изјави дека претседателот Џозеф Бајден сака електрични автомобили во неговата флота што е можно поскоро.
„Тоа е сигурно нешто за што зборуваше претседателот и една од неговите цели“, вели Псаки.
Како што нагласи таа, тие размислуваат за електрификација на претседателската лимузина, познатата како „Ѕвер“ (The Beast), која сега користи мотор со внатрешно согорување за да го управува.
Изградбата на електричен претседателски автомобил ќе биде голем предизвик. Овој седан е најтешкиот блиндиран патнички автомобил во светот, што ја крева својата тежина на повеќе од осум тони.
За да се добие доволен радиус на движење, претседателскиот автомобил треба да има огромен пакет батерии – доколку воопшто се најде доволно простор за нивна инсталација.
Инаку, „Звер“ е создаден врз основа на пикап, а за производство е задолжен „Џенерал моторс“, односно „Кадилак“.
Бајден неколку пати рече дека сака да ја победи Кина во полето на електричните возила. Тој е вознемирен што 80 проценти од производните капацитети на батериите се сега во таа земја.
Експанзијата на електричните автомобили е дел од неговата економска и енергетска стратегија. Бајден сака да замени 645.000 владини возила со електрични