МВР соопшти дека е поднесена кривична пријава против С.В. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
„На 23.12.2020, полициски службеници од СВР Куманово извршиле преглед над пријавената, при што била пронајдена и одземена марихуана“, велат од полицијата.
Според процедурата на полицијата, по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство.