Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска го осуди присилното слетување на авионот на Рајанер на аеродромот во Минск, како и апсењето на опозицискиот блогер Роман Проташевич и посочи дека ова мора да биде прва точка на денешниот самит на ЕУ.
Тој посочи дека го поддржува ставот Белорусија да биде ставена на дневен ред на Советот на ЕУ.
Пред денешната седница на Советот на ЕУ, Курц планира средби и со специјалниот пратеник на Унијата за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак и потпретседателот на Европската комисија, Валдис Домбровски.