Британскиот регулатор за заштита на пазарното натпреварување го истражува преземањето на „АстраЗенека“ од производителот на лекови Alexion вредно 39 милијарди долари поради сомнение за евентуално задушување на конкуренцијата на британскиот или на другите пазари.
Британската агенција за заштита на пазарната конкуренција објави дека добива коментари од сите засегнати страни во врска со договорот за преземање, за да помогнат во проценката. Крајниот рок за предавање на коментарите е до 3 јуни.
Британско-шведскиот производител на лекови „АстраЗенека“ во декември се согласи да го купи Alexion по најскапиот договор досега во историјата на компанијата, во обид да се прошири од бизнисот со брзо растечки лекови против рак на полето на лекови за ретки болести и зајакнување на имунитетот.