Националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата на Северна Македонија, Марјан Забрчанец, вчера вечер преку видео обраќање учествуваше на Тематската дебата на високо ниво на Обединетите нации, за дигитална соработка и поврзување.
Дебатата на членките на ООН се случи во светло на итните потреби за адресирање на дигиталниот јаз и потребата за дигитална соработка и поврзување во светот, со цел адаптација на пандемијата КОВИД-19 и имплементација на стратегиите за излез. Националниот координатор Забрчанец се осврна на важноста на борбата со дезинформациите, потребата од будност и за заедничка соработка на сите земји членки на Обединетите нации, како и потребата од споделување искуства, обединување и силно спротивставување кон дезинформаторите кои се закана за демократиите во светот.