Фолксваген одби понуда за преземање на Ламборџини

од Vladimir Zorba
261 прегледи

Фолксваген одби понуда за преземање на Ламборџини во вредност од 7,5 милијарди евра.

Понудата ја достави Квант Груп, холдинг компанија од Цирих, која формираше конзорциум со лондонскиот Центрикус Асет Менаџмент за оваа потенцијална аквизиција, пренесе „Seebiz“.

Фолксваген започна да подготвува стратешки опции за Ламборџини и Дукати во ноември минатата година. Беше најавена можна првична јавна понуда или продажба, но оттаму објавија еден месец подоцна дека се обврзале да ги задржат во своја сопственост.

Осигурувањата беа дадени како дел од поширокото решавање на конфликтот меѓу извршниот директор Херберт Дис и клучните засегнати страни, вклучително и лидерите на синдикатите.

Ламборџини е во сопственост на групацијата Волксваген преку својата подружница во Ауди. Портпарол на Ауди исто така рече дека луксузната марка не се продава.

Слични содржини