На белоруски авион не му беше дозволен лет над Франција

од Vladimir Zorba
286 прегледи

Белоруски патнички авион на лет од Минск до Барселона се вратил денес, според веб-страницата „Флајтрадар24“, откако полската контрола на летот објави дека леталото можеби не може да влезе во францускиот воздушен простор.

Лидерите на ЕУ повикаа на нови санкции против Белорусија и забрана на белоруските авиокомпании да летаат над нивната територија откако Минск изнуди принудно слетување на авион на „Рајанер“ вокој се наоѓаше Роман Проташевич, коосновач на Телеграм каналот „Некста“, кој е забранет во Белорусија како екстремистички.

„Пилотот од нас доби информација дека францускиот воздушен простор е затворен и дека може да има проблем со влезот“, изјави по телефон портпаролот на полската контрола на летање, Павел Лукасијевич, пренесе Ројтерс.

Белоруската авиокомпанија Belavia не сакаше да ги коментира вестите за летот на нејзиниот авион, пренесува Танјуг.

Францускиот министер за транспорт Жан-Батист Жебари во понеделникот изјави дека Франција ја суспендира дозволата за летови на Belavia над нејзината територија.

Во моментов на компанијата и е забрането летање во Литванија, Летонија, Франција, Шведска, Финска, Чешка и Украина.

И беше дозволено да влезе во Полска.

Слични содржини