Самит Путин-Бајден во Женева: Откриено за што ќе разговараат двајцата лидери

од Stefanija Kuzmanovska
165 прегледи

Претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Џо Бајден, најверојатно ќе разговараат за Договорот за отворено небо на нивниот самит во Женева, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Но, бидејќи Русија наскоро ќе ги заврши процедурите за повлекување од тој договор, на САД им преостанува малку време да ги преиспитаат своите претходни одлуки за повлекување“, рече Песков, како што пренесува руската агенција Тасс.

Песков додаде дека „времето истекува“.

– Ние ги исполнуваме процедурите за повлекување од Договорот за отворено небо и тие ќе бидат завршени наскоро, така што останува уште малку време за Вашингтон да ги преиспита своите претходни одлуки – предупреди Песков како одговор на прашањето дали Русија планира да му даде шанса на Вашингтон да се врати на тој договор на самитот Путин-Бајден во Женева.

Слични содржини