Словенечкиот огранок на кавачкиот клан кој „падна“ во оваа земја тесно соработуваше со Вељко Беливук, инаку водач на белградскиот огранок на оваа криминална група.
Во изминатите неколку дена, полицијата во Словенија упадна во ќелијата на кланот кој дејствуваше во таа земја и уапси повеќе од 60 лица, осомничени за шверц на најмалку 790 килограми кокаин по наредба на шефовите на таа организирана криминална група. Според црногорскиот „Вијести“, тие се осомничени за пренесување оружје од Шпанија во Белград, но и на 5,6 милиони евра во готово!
Според документацијата од истрагата, словенечката полиција успеала да добие криптирана комуникација помеѓу неколку осомничени лица, а откриено е и кој точно бил одговорен за транспорт на дрогата до кланот во Шпанија, од каде понатаму била шверцувана во Европската унија .
Словенечките и црногорските медиуми наведуваат дека во 2018 година, Милан Вујотиќ од Подгорица „му дозволил“ на Филип Вржиќ да основа филијала на кланот во таа земја.
Вујотиќ, за кого се тврди дека го имал прекарот „Лавитезе“ на апликацијата за шифрирана комуникација „Скај“, и истакнат член на кавачкиот клан, Игор Божовиќ, своевремено се криеле во Словенија.
60 осомничени
Според записите на локалните истражители, во списокот на специјалните обвинители има околу 60 осомничени во Словенија, а наводно сите се членови на „многу добро организираната меѓународна криминална група, која потекнува од Црна Гора и работи во Србија и Европа“.
Според „Вијести“, словенечката ќелија на кланот работи веќе пет години, а тие се осомничени за шверц на најмалку 790 килограми кокаин, 2.249 килограми канабис, 96 килограми хашиш, 10 килограми хероин, 30 литри база на амфетамин.
Тие се обвинети и за транспорт и продажба на огнено оружје неколку пати, како и за пренесување на 5,6 милиони евра во готовина од Шпанија во Белград во име на кланот.
Вујотиќ набавувал кокаин?
Сите уапсени членови на кланот имаа точно дефинирани улоги во нив, тие беа поделени на организатори, координатори за набавка и продажба на дрога и оружје, оние кои обезбедуваа транспорт на дрога, оружје и пари, вклучија нови членови во кланот, но и „сметководители“ чија работа била да ги поделат парите заработени со шверц.
Освен Вржиќ, означен како еден од водачите на словенечката ќелија на кланот, истражителите таму го сметаат и Клемен Кадивец за организатор, и прецизно утврдиле дека Милан Вујотиќ, Марко Шкрабец, Дарко Невзатовиќ и Слаѓан Петровиќ исто така играле важни улога во кланот.
Истражителите тврдат дека тие комуницирале преку шифрирани телефони, поточно апликацијата „Скај“.
Вујотиќ е осомничен дека покрај тоа што дозволил Вржиќ да формира дел од кланот во Словенија, тој ја снабдувал таа група со кокаин од Шпанија и се грижел за транспорт на парите заработени од шверц на дрога од Шпанија во Србија. Тој, наводно, основал транспортни компании и компании кои биле покритие за криминални активности. Тие превезувале дрога, оружје и пари во Србија правејќи специјални бункери на возила.
Словенечката ќелија на криминалниот клан е осомничена за шверц на дрога во вредност од 3.821.525 евра од 8 декември 2019 година до јули 2020 година.
Според оперативните податоци, тие тргувале и со оружје со „колегите“ од Србија. – најголемиот дел од трговијата со оружје, наводно, бил извршен помеѓу Словенија, Србија, Словачка и Холандија – откриле извори од истрагата.
Да потсетиме, за време на апсењето на Вељко Беливук, а и членови на неговата група, полицијата откри големи количини на разновидно оружје и муниција. Истрагата против нив се уште трае, а освен оружје, киднапирања и сурова ликвидација, осомничен е и за трговија со дрога. Полицијата сè уште истражува од каде потекнувало оружјето пронајдено во бункерот и тајната просторија на Беливук во Рипња.