285
Пратеникот на Левица, Борислав Крмов во своето гостување во емисијата Само Вистина на Канал5 телевизија вели дека секоја политичка партија мора да има и своја надворешна политика. На прашањето за Израел – Палестина тој истакна дека не може светот да биде слободен додека палестинците не се слободни.
- Некои наши другари, па и јас стоиме на ставот на изреката на Мандела која вика не може да биде светот слободен додека палестинците не се слободни. Тоа е единственаата држава каде што имате граѓани од прв и од втор ред, каде луѓето не можат слободно да внесат храна. Не си ги контролираат пристаништата. Тоа е еден вид затвор под отворено небо. Како може еден левичар да застане на страната на опресорот.
Тој додаде дека левица е партија, која мора да има надворешна политика.