Албанскиот премиер Еди Рама ја критикуваше Европската унија дека не сака да одобри визна либерализација за Косово, пренесува „Економија онлајн“.
За време на прес-конференцијата со германскиот државен секретар Михаел Рот, Рама рекол дека ЕУ го земзло Косово „заложник“, осврнувајќи се на слободата на движење.
Тој посочи дека ова не е одлука на целата ЕУ, „туку само на една држава што не дозволува слободно движење на косовските граѓани“, без да прецизира за која држава мисли.
„Не мислам дека ЕУ треба да земе некого како заложник во овој регион. Важно е секој да има можност слободно да се движи“, вели Рама.
Рот рече дека се согласува дека Европската унија мора да ги исполни ветувањата кога станува збор за визната либерализација за Косово, кое ги исполни сите услови за тоа, објави порталот „Косово онлајн“.