Аргентина регистрираше рекордни 41.080 инфекции со коронавирусот за еден ден во вториот бран на инфекција, што ја претвори оваа земја во едно од најголемите жаришта во светот и сериозно го оптерети нејзиниот здравствен систем.
Земјата со 45 милиони жители досега регистрирала 3.663.215 случаи на инфекција и 76.135 смртни случаи, според официјалните податоци.
Ова значи дека Аргентина има една од највисоките стапки на смртност по глава на жител, заедно со соседите Уругвај, Парагвај и Бразил.
Аргентина започна да применува строги ограничувања во саботата, на 22 мај, за да го стави вирусот под контрола. Спроведувањето на програмата за вакцинација е побавно отколку што вети владата на претседателот Алберто Фернандез.
Тековните мерки вклучуваат прекинување на наставата во училиштата, ноќен полициски час и ограничување на работата на рестораните само на услугата „за носење“.