Извор од Министерството за надворешни работи на Шпанија, за „Косово онлајн“, тврди дека Шпанија не планира да отвори канцеларија во Приштина, како што неодамна објавија албанските медиуми.
„Позицијата на Шпанија за непризнавање на декларацијата за независност, што Приштина ја усвои во 2008 година, не се промени и нема да се промени доколку прашањето не се реши преку дијалог меѓу Белград и Приштина. Во таа смисла, сметаме дека продолжувањето на дијалогот е добра вест. Неопходно е да се искористи моментот и да се обиде да постигне прифатлив договор за обете страни и почитување на меѓународното право. За да се постигне оваа цел, ги имаме господинот Бореj, кој е многу заинтересиран да помогне во решавањето на конфликтот и специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, кого ние целосно го поддржуваме. „Од наша страна, ние сме подготвени да соработуваме, колку што можеме, во овие напори, бидејќи приоритет на Шпанија е политичката стабилност и економскиот просперитет на Балканот“, му одговорило шпанското Министерство за надворешни работи на „Косово онлајн“.
Некои приштински медиуми денес ја објавија веста дека Шпанија, која се смета за најригидна земја на ЕУ според независноста на Косово, наскоро ќе отвори канцеларија за врски во Приштина.
Повикувајќи се на своите дипломатски извори во Брисел, порталот „Демокрасија“ пишува дека Шпанија веќе ја донесе оваа одлука.
„Поранешниот министер за надворешни работи на Шпанија, Жозеп Борел, сега одговорен за надворешната политика на ЕУ, одигра клучна улога во овој чекор“, цитира „Демокрасија“ „добро информиран дипломат“.
Според оваа информација, шпанската канцеларија за врски, по пример на руската и кинеската, ќе биде отворена во УНМИК, но косовските институции исто така ќе бидат информирани за неговото постоење.