Среде украинска емисија за Путин и Лукашенко, во кадар се појави гола девојка (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Кога рускиот новинар Дмитриј Еловски се појави во живо на тв канал „Украина“, тој немал идеја што ќе се случи понатаму. Имено, водителите на оваа украинска телевизија направија онлајн-интервју со него, но во еден момент неговата сопруга одеднаш се појавила.

Тема на неговото појавување во информативната програма била средбата меѓу Владимир Путин и Александар Лукашенко.

Еловски не слушнал прашање на оваа тема поради проблем со звукот, па прашал дали нешто се случува, по што неговата девојка, која во тоа време била гола, ја свртела камерата кон себе.

Новинарот веднаш ја предупредил девојката, но вклучувањето било прекинато.

„Дмитриј има технички проблеми“, рекле водителите и брзо се исклучиле.

Слични содржини