283
Руската влада даде се од себе во обидот да ги убеди Соединетите држави да останат посветени на Договорот за отворено небо (ТОС), изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков на седницата на Советот на Федерацијата, а Русија е близу до напуштање на договорот .
„Ние вложивме максимални напори да ги задржиме САД во договорот и сега веруваме дека би било оптимална и правилна одлука да го напуштиме ТОС“, рече Рјабков, пренесува „Танјуг“, повикувајќи се на ТАСС.
Советот на Федерацијата, горниот дом на рускиот парламент, гласаше со големо мнозинство за напуштање на ТОС, со 152 гласа од вкупно 170 пратеници.
Истиот закон беше едногласно усвоен на 19 мај во долниот дом, Руската државна дума.