Премиерот на Косово, Албин Курти, денеска во Приштина изјави дека овој месец во Брисел ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и го оцени како „ново поглавје“, а не како продолжение на претходниот дијалог .
Средбата во Брисел „не е состанок за продолжување на дијалогот. Ова е прва средба на која се очекува да се соочам со претседателот на Србија за прв пат “, рече премиерот на Косово.
„Ова е прва средба и можеме да видиме што може да биде следното поглавје од дијалогот. Тоа е состанок за ново поглавје на дијалогот, но не е продолжение на претходниот дијалог “, рече Курти.
Тој додаде дека „треба да видиме каде се наоѓаме во однос на претходните договори, нивното спроведување и влијанието“.
Тој најави дека ќе разговара за дијалогот со двајцата лидери на опозициските партии и ќе разговара со членовите на Собранието на Косово.