Европската унија во петокот донесе одлука за забрана за лет на белоруски авиони над територијата на ЕУ, како и употреба на аеродромите на нејзините 27 членки, бидејќи Белорусија го принуди слетувањето на авионот на ирската компанија Рајанер на летот од Атина кон Вилнус на 23 мај, за да го уапси новинарот Роман Проташевич.
Според АП, со Проташевич била уапсена и неговата девојка.
Протасевич изјави, од затвор, дека демонстрациите против авторитарниот претседател на државата Александар Лукашенко замреа и оти опозицијата треба да почека подобар момент за нивно оживување.
Велика Британија, САД и ЕУ веќе ги замрзнаа средствата на некои белоруски државни претставници, по контроверзните претседателски избори минатата година во таа земја.
Франција сака да упати покана до Белорусија за присуство на Самитот Г7, но под услов ако Велика Британија се сложи на тоа. Британските домаќини, пак, јасно ставија до знаење дека не планираат да повикуваат други делегации, меѓутоа истакнаа дека Белорусија ќе биде една од темите на состанокот.