Пентагон порачува: Извештајот за НЛО не е завршен

од Nikola Popovski
522 прегледи

Пентагон не сакаше да ги коментира извештаите во медиумите за наодите на американската влада за неидентификувани воздушни феномени, кои Конгресот ги побара во јануари.

Портпаролката на американската војска не сакаше да ги коментира пишувањето на вчерашните обвинувања на „Њујорк Тајмс“ во врска со извештајот, потсетувајќи дека директорите на Националните разузнавачки служби (ДНИ) ќе достават извештај до Конгресот, а Белата куќа објави дека ваквиот извештај сè уште не е завршен.

Во извештајот на американската влада за неидентификуваните воздушни феномени или „UAP“, попознати во јавноста како неидентификувани летечки објекти или НЛО, што треба да биде објавен наскоро, не беа пронајдени докази за вонземски активности, но не ги исклучуваат, соопштиле официјални лица за американските медиуми.

Двајца неименувани службеници, запознаени со извештајот што ќе биде доставен до Конгресот на САД подоцна овој месец, ѝ рекле на агенцијата под услов на анонимност дека американската влада не може да даде дефинитивно објаснување за феноменот забележан од воените пилоти

Извештајот, чии детали ги објави „Љујорк Тајмс“ во четвртокот, не исклучува дека пилотите можеби виделе нова технологија развиена од други земји, а еден од официјалните лица изјавил дека нема индикации дека необјаснети феномени биле производ на тајни американски програми.

Во декември, Конгресот побара од директорите на ДНИ да достави извештај за наодите на американската влада за неидентификуваните воздушни феномени.

Во подготовката на извештајот учествуваа и официјални лица од работната група на Пентагон за UAP, која e формирана минатата година.

Слични содржини