Убиени 100 цивили: Напад во Буркина Фасо

од Nikola Popovski
340 прегледи

Вооружени лица убиле околу 100 цивили во ноќниот напад врз село во северна Буркина Фасо, соопшти владата во саботата.

Нападот се случил во петокот вечерта, при што биле убиени жителите на селото Солхан во провинцијата Јага, која се граничи со Нигер.

Според владиното соопштение, напаѓачите изгореле неколку домови и пазар.

Владата ги нарече напаѓачите терористи, но ниту една група сè уште не ја презеде одговорноста.

Нападите поврзани со џихадистите на Ал Каеда и Исламска држава во регионот Сахел во Западна Африка се зголемија нагло од почетокот на годината, особено во Буркина Фасо, Мали и Нигер, а главниот товар го понеле цивилите.

Во Буркина Фасо е прогласен 72-часовен период на национална жалост. Во него се наведува дека бројот на убиени е околу 100 лица.

Насилството во Буркина Фасо расели повеќе од 1,14 милиони луѓе за нешто повеќе од две години, додека сиромашната и сушна земја обезбеди засолниште за околу 20 000 бегалци од соседниот Мали, кои бараат засолниште од нападите на џихадистите.

Слични содржини