Четири членови на муслиманско семејство беа убиени во неделата во напад „со умисла“, соопшти канадската полиција.
Дваесетгодишен Канаѓанец намерно удрил во својот камион во муслиманско семејство во градот Лондон, Онтарио. Загинаа четворица членови на семејството, а единствениот преживеан е деветгодишно момче, кое сега е во болница со сериозни повреди.
Канаѓанецот е обвинет за четири обвиненија за убиство и една за обид за убиство, пишува Би-Би-Си.
„Ние веруваме дека овие жртви беа мета на напади затоа што се муслимани и дека ова е злосторство од омраза“, изјави вчера на прес-конференција детективот Пол Вејт.
Тој додаде дека полицијата разгледува можни обвиненија за тероризам
Жртвите биле две жени на возраст од 74 и 44 години, 46-годишен маж и 15-годишна девојка.
Полицијата соопшти дека напаѓачот Натанијал Велтман (20) бил уапсен без инциденти во трговски центар околу 6 километри од местото на злосторството.