Австралиската полиција уапси повеќе од 200 лица ангажирани во организирана криминална група откако упаднаа во шифрирана компјутерска апликација која содржеше скоро 25 милиони пораки за трговија со дрога, заговори и подготовки за убиства, соопштија денеска австралиските власти.
Во официјалното соопштение се наведува дека станува збор за заедничка акција на австралиската полиција и американскиот ФБИ, која започнала во 2018 година и во која биле приведени криминалци од Австралија, Азија, Јужна Америка и Блискиот исток, сите вклучени во глобалната трговија со дрога правда.
– Му зададовме тежок удар на организираниот криминал, што го почувствуваа криминалните организации ширум светот. Ова е пресвртна точка во историјата на австралиските сили на редот, оцени премиерот на Австралија, Скот Морисон.