Паднаа страниците на најголемите светски медиуми и интернет платформи

од Vladimir Zorba
271 прегледи

Веб-страниците на неколку водечки светски медиуми се моментално недостапни за читателите.

Си-Ен-Ен, Гардијан, Њујорк Тајмс, Индипендент, Фајненшл Тајмс и некои други големи медиумски страници во моментов не прикажуваат содржина на нивните Интернет адреси.

Британски Би-Би-Си, чија страница во меѓувреме стана повторно достапна, пишува дека првите информации сугерираат дека проблемот може да биде поврзан со услугите на провајдерот Fastly, чии услуги ги користат многу од најпосетуваните страници во светот.

Покрај медиумите, проблеми во нивната работа пријавуваат и корисниците на социјалните интернет платформи Twitter, Reddit, Twitch, потоа Amazon, Paypal и Spotify.

Освен медиумите, официјалната веб-страница на британската влада – gov.uk, на која стои пораката: „Error 503 Service Unavailable“, е недостапна, пишува Би-Би-Си.

Слични содржини