288
Универзалната сала конечно се враќа на скопјани во својот препознатлив сјај! Почна реконструкцијата на култниот објект кој ќе биде со современ архитектонски изглед, а ќе се гради по сите светски стандарди, соопштија од Град Скопје.
Особено важно е задржување на автентичноста на Универзалната сала, по што сите ние ја паметиме. А најважно од сѐ е да го вратиме духот на Скопје и сите оние фестивали и настани таму каде што припаѓаат!, додаваат оттаму.