Вечерва се случило пукање во воздухопловната база Лекланд во Тексас, а полицијата во моментов трага по двајца напаѓачи.
Пред неколку часа полицијата издаде предупредување поради потенцијален напад, а на вработените им беше наредено веднаш да се засолнат во скривалиштето на базата. Претходно беше објавено дека напаѓачите пукале во областа каде се наоѓаат приправниците на воздухопловната база, кои веднаш побегнале во непознат правец.
Подоцна се испоставило дека станува збор за двајца напаѓачи, по кои полицијата во моментов трага.
Неколку воени бази биле целосно блокирани за време на нападот, а вработените постојано се наоѓале во базата.
Сè уште нема информации за потенцијални жртви и повредени.
US military base in San Antonio, Texas, closed after shooting#العربية 🙏🇺🇸😢 https://t.co/7mWAWZEIQW
— Annette (@orchardcitygal) June 9, 2021
Фото: Erich Schlegel/Getty Images