417
ВМРО-ДПМНЕ денеска во почеток во 15 часот ќе одржи протест пред Министерството за надворешни работи.
Според најавите протестот ќе трае до 17 часот.
-Денес на протест пред МНР, од 15 до 17 часот. Доста е од тајните преговори кои во Софија ги води другарот на Заев, Бучковски, за дополнителни анекси на штета на Македонија
Јавноста има право на отчетност на владините министри пред граѓаните и Собранието, за сите битни надворешно-политички прашања! напиша на Фејсбук Антонио Милошоски.