Осум израелски партии денес потпишаа договор за коалиција, со кој се отвори патот за формирање на нова влада во која нема да биде вклучен Бенјамин Нетанјаху по 12 години.
Владата треба да положи заклетва во недела во Кнесет, каде ќе биде поддржана од 61 пратеник.
Новата влада најавува нов курс со цел заздравување на поделбите во земјата и враќање на чувството за нормалност. Сè повеќе од тоа би значело повикување на катастрофа.
Новата владејачка коалиција, која има мало мнозинство во парламентот, се состои од осум партии од сите страни на политичкиот спектар, вклучувајќи дури и една арапска партија, за прв пат во историјата на Израел.
Единствено за што се согласија е дека Нетанјаху, кому му се суди за корупција, мора да си замине и дека земјата не може да издржи повторно да излезе на избори.
Според договорот, Нафтали Бенет ќе биде премиер првите две години, а по него, Жаир Лапид, од политичкиот центар, ќе ја предводи владата.