На седницата на Извршниот комитет кој се одржа вчера во Битола, донесена е одлука за продолжување на протестите на ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за надворешни работи.
„Зоран Заев е таткото на спорот со Бугарија. Иако ја убедуваше македонската јавност дека со потпишувањето на спорниот договор повеќе немаме отворени прашања со соседите, очигледно е дека се отворија нови и досега неоспорувани теми. Република Македонија е блокирана“, вели Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Протестите продолжуваат затоа што Заев и Бујар Османи кријат за што се преговара и што се’ се подготвени да прифатат од бугарската декларација. Го повикуваме министерот за надворешни работи Бујар Османи да го покаже на македонската јавност документот кој го преговараат со Зоран Заев“, посочува тој.