Петровски: Маскирани луѓе ме нападнаа, но јас глава не наведнувам (ВИДЕО)

од Берта Китинска
297 прегледи

Во интервјуто за емисијата во Центар,  Филип Петровски  политичар и поранешен директор на државниот архив на Македонија раскажа за заканите и обидите за физички пресметки на блиски луѓе на Христијан Мицкоски лидерот на ВМРО ДПМНЕ.

-Јас ги кажувам работите и имам штета поради тоа. Ме плукаат по социјалните мрежи. Луѓето на Христијан Мицкоски и на Игор Гиевски ( поранешен претседател на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ ) ми се закануваат. Има обиди за физички пресметки со мене. Но јас глава не наведнувам. Јас сум бил на 63-та падобранска бригада во Ниш. Јас знам и можам да се одбранам, вели Петровски.

Тој во интервјуто раскажа за случката кога лицесто кое сакал да го нападне  избегало откако видело дека тој има придружба.

-Имаше обид за физички напад врз мене. Лицето што тргна на мене избега. Десет луѓе тргнаа по него. Тие веројатно не беа подготвени дека има толку луѓе со мене.Јас зборував на телефон, а тој беше во качулка и беше маскиран. Имаше маска. Од позади дојде и ме удри. Тоа се случи пред еден месец во центарот на Скопје на улицата Орце Николов.Тоа ми е мене многу индикативно. Мислам дека агресијата и нервозата се поврзани што чуствуваат што ќе дојде со американската уредба за ставање на црната листа, со тоа дека ќе ги изгубат локалните избори и со тоа дека паѓа поддршката кај членството, вели тој Петровски.

Слични содржини