СРЕДБАТА меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Џо Бајден, закажана за 16 јуни во Женева, ќе трае четири до пет часа со паузи и промени во форматот, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Претходно рускиот помошник претседател Јуриј Ушаков изјави дека самитот меѓу Путин и Бајден ќе се состои од три дела – разговорите ќе се одржат најпрво во тесен формат, а потоа и во проширен формат, проследени со посебни прес-конференции меѓу двете страни.