Словенија прогласи крај на епидемијата, но сепак остануваат некои мерки

од Nikola Popovski
222 прегледи

Во последните 24 часа во Словенија се регистрирани само 24 нови случаи на коронавирус од 1.023 тестирани лица, што е 2,3 проценти од позитивните резултати.

Поради овој резултат, владата на Словенија одлучи да не ја продолжи состојбата на епидемија од вторник, 15 јуни, но сепак уште некои епидемиолошки мерки ќе останат на сила, пренесува ХИНА.

Додека Словенија не влезе во „зелената фаза“ според критериумите на Европскиот центар за контрола на болести (ECDC), што се очекува кон крајот на јуни или почетокот на јули, носењето маски во затворен простор и понатаму ќе биде задолжително.

Ограничувањето, како што е бројот на присутни во затворен простор, исто така, ќе остане на сила. Сè уште ќе бидат потребни посебни услови за присуство на концерти и други настани, како што се негативен тест за коронавирус, антиген тест или доказ за вакцинација.

Владата го повтори својот апел до сите кои сè уште не биле вакцинирани да го сторат тоа, затоа што сега има доволно вакцини, а викендов ќе се организира масовна вакцинација на помали места без закажување термин.

Слични содржини