Портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова ја критикуваше новата стратегија на Европската унија против Русија.
Таа потсети дека споменатата стратегија за надворешна политика е изготвена од високиот претставник на ЕУ за надворешни работи, Жосеп Борел, и дека се заснова на три основни принципи: одбивање, воздржаност и соработка.
„Можете ли да замислите личност да предлага односи засновани на трите принципи„ одбивање, воздржаност, соработка“? Не можете? Па, тоа е Борел. Луѓето кои излегоа со ваков концепт очигледно имаат проблеми со познавање на историјата, разбирање на реалноста и доминантни фобии над креативниот поглед на светот“, напиша Захарова на „Телеграм“.
Да потсетиме, Борел ја подготви таа стратегија за самитот на ЕУ во Брисел, што ќе се одржи на 24-25. јуни, а детално ќе го претстави во среда на прес-конференција во Брисел пред почетокот на руско-американскиот самит во Женева.
За време на своето обраќање, тој не спомна дека пристапот што го предложи е практично копија на „двојниот пристап“ кон Русија што НАТО го применува од 2014 година, а се состои од истовремено воздржаност и дијалог.