Тајвански министер: Мора да се подготвиме за војна со Кина

од Vladimir Zorba
182 прегледи

Кинеското заплашување на Тајван со воена сила покажува дека островот треба да се подготви за можен воен конфликт, изјави тајванскиот министер за надворешни работи Жозеп Ву во ексклузивното интервју за Си-Ен-Ен.

Предупредувањето се случи седум дена откако кинеските воздушни сили испратија 28 воздушни воени авиони, вклучувајќи ловци и бомбардери способни да носат нуклеарно оружје, во воздушниот простор на Тајван

Ова е најголемиот ваков инцидент откако Тајванската противвоздушна одбрана воведе т.н. зони за идентификација минатата година.

Иако овој потег не претставува кршење на меѓународното право, се верува дека кинеската војска сакала да ја покаже својата воена супериорност.

„Како одговорни луѓе во Тајван, не можеме да ризикуваме, мора да бидеме подготвени“, изјави Ву за Си-Ен-Ен.