Грчката полиција денес уапсила свештеникот под сомнение дека чувал и дистрибуирал детска порнографија. Апсењето се случило откако две сестри од Агринион во западна Грција го пријавиле свештеникот за сексуално злоставување. По пријавата, во неговиот стан биле пронајдени фотографии од голи деца.
Според грчките медиуми, сестрите вчера дошле во полициската станица и една од нив рекла дека свештеникот ја силувал во 2007 година, кога таа имала само 13 години. Другата навела дека ја силувал и малтретирал неколку пати, пренесува „Телеграф“.
По пријавата, полицијата отишла во куќата на свештеникот и, меѓу другото, на компјутерот пронашла стари фотографии на кои се гледа како ги гушка сестрите кои го пријавиле злосторството.
Полицијата го привела веднаш.
Медиумите пишуваат дека девојчињата дошле во куќата на свештеникот со нивната мајка „од финансиски причини“.
Свештеникот во моментов е обвинет за поседување материјал со детска порнографија, а доколку истрагата утврди дека имало злоупотреба на малолетници, обвинението ќе биде дополнето.
Некои медиуми пишуваат дека свештеникот бил добро познат во градот и дека тој сакал „да ги теши жените кои имале проблеми во брак, врска или во семејството“.
Медиумите пишуваат дека тој така ја стекнал довербата кај жените, а потоа би ги искористил нивните малолетни деца.