Кина се заканила на Украина со блокирање на снабдувањето со вакцини

од Vladimir Zorba
165 прегледи

Агенцијата АП, повикувајќи се на дипломатски извори, објави дека Кина и се заканува на Украина дека ќе ја блокира испораката на половина милион вакцини против коронавирусот, бидејќи Киев го поддржува документот за правата на Ујгурите во Кина.

Според агенцијата, Украина во Женева во вторникот потпишала документ на Советот за човекови права, во кој се повикува Кина итно да им дозволи на независни набљудувачи да го посетат автономниот регион Ксинџијанг-Ујгур. Документот, предложен од Канада, покрај Украина, беше поддржан и од повеќе од 40 земји.

Како што соопштил дипломатски извор од двете западни земји, Пекинг го предупредил Киев дека Кина ќе ја блокира испораката на најмалку 500.000 дози вакцини против Ковид-19, доколку Украина не се откаже од поддршката за документот. Како резултат, Киев го повлече својот потпис во четвртокот.

Според агенцијата, Украина претходно се договорила со кинескиот Синовак за купување на 1,6 милиони дози на КоронаВак. Според зборовите на министерот за здравство, Максим Степанов, до почетокот на мај, Киев добил 1,2 милиони дози од препаратот.