Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денес истакна дека од изјавите на премиерот на Косово, Албин Курти заклучува дека тој не ја разбира во целост реалноста.
Вучиќ рече дека Курти смета дека светот се родил кога тој победил на изборите во Косово и повтори дека е важно да се разговара, но дека во Приштина не сакаат компромис.
На прашањето за изјавата на Курти за француски „Ле Монд“ дека тој сепак го смета Косово за територија што Србија мора еден ден да ја врати, Вучиќ рече дека од ваквите изјави разбрал дека Курти не ја разбира целосно реалноста.
„Разбирам и затоа не велам дека работите се идеални, прекрасни за нас. Се плашам дека тој не разбира дека работите и за нив не се одлични. Затоа е важно да се постигне компромис, но тој не сака. Тој смета дека светот се родил кога тој победи на изборите“, рече Вучиќ пред новинарите во Рудна Глава.