Вучиќ: Делта видот коси сè пред себе, се плашам дека наесен нема да имаме соодветен одговор

од Vladimir Zorba
286 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека „страшно се плаши“ наесен кога станува збор за коронавирусот, пред се заради невакцинираната популација, додавајќи дека вакцинирањето на оние кои примиле вакцини треба да започне наскоро.

„Делта видот коси сè пред себе. Кога станува збор за нас, се плашам дека нема да имаме соодветен одговор“, изјави Вучиќ пред новинарите по вежбата на српската армија на полигонот „Пештер“.

„Гледате, Велика Британија е скоро целосно вакцинирана и повторно имаат проблем“, рече Вучиќ, додавајќи дека делта видот пристигнал сигурно, „прашање е само во која мера“.

Тој исто така рече дека „разговарал со (Горан) Стевановиќ утрово, и тој е загрижен“.

„Очекуваме да поминеме еден месец или два релативно во мир, а потоа ќе видиме“, рече Вучиќ.

Слични содржини