КАЗНА ЗА ПОЛИТИЧАР: Не носел заштитна маска

од Stefanija Kuzmanovska
410 прегледи

Австралискиот вицепремиер Барнаби Џојс е казнет парично затоа што не носел заштитна маска на бензинска пумпа, со што ги прекршил антиепидемиските правила, соопштија денес властите.

Еден граѓанин го забележал Џојс како плаќа за гориво на бензинска пумпа без заштитна маска, па се јавил во надлежната служба и го пријавил случајот.

Наскоро, полицаец отишол на местото и открил дека „54-годишен маж бил забележан како престојува во продавница на бензинска пумпа без маска“, пренесува „Ројтерс“.

Полицијата не сакаше да го открие името на лицето кое сторило прекршок, но Џојс беше казнет со 200 австралиски долари.

Кабинетот на Џојс не беше достапен за коментар, но тој самиот призна во радио интервју дека го прекршил законот и ја платил пропишаната казна.

Слични содржини