Перцепцијата како нè гледаат граѓаните, МЦМС околу 20 години го следи ова прашање и да бидам искрен не се смени многу мислењето. Поделбата е поделена на три третини, една третина мислат дека сме ОК и дека сме добри, главниот стереотип е дека невладините се пералница на пари и за жал ние 20 години им објаснуваме – можете ли да нè обвините дека сме корумпирани, дека крадеме… ама не може за пералница на пари да нè обвинувате, бидејќи парите стигнуваат од легални извори во легални сметки. МЦМС 15 години нема во кеш исплатено, еве на ЦИВИЛ ги гледаме донаторите кои се, може да се кликне на тие веб страници и да се види кои се донаторите, така што не може да бидеме пералница на пари. За жал како невладини организации не успеавме да го срушиме овој стереотип”, истакна Александар Кржаловски, извршниот директор на МЦМС, на панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Каква е улогата на граѓанските организации во општествено-политичките процеси?”.
„Точно е дека релативно голем број на фондови пристигаат во нашата држава, главно се од странски извори во споредба со други држави, на пример Словенија никогаш немала странски донации.
Кај нас за жал или за среќа многу средства стигнуваа од странски држави, и ден денес е така, и бидејќи се уште не преговараме за Европската унија и тоа го зајакнува стереотипот за „странски шпиони”.
Буџетите на сите невладини заедно се од прилика од 90 до 130 милиони годишно во Македонија. Тоа е сконцентрирано до околу 300, 400, 500 организации кои имаат над 2.5 илјади евра приходи кои така ги пријавуваат, ама голем број од граѓански организации околу 6.5 илјади со се тие неизбришаните од претходниот закон, вкупно 15 илјади немаат средства, не располагаат со големи пари, односно функционираат на принцип на членарини и слично.
Има двојно сметање, односно кога ќе стигнат пари во МЦМС, ние ги канализираме до други организации, се смета дека стигнале и кај нас и кај таа друга организација, така што реалноста е околу 50 до 70 милиони евра, што за некој се гледаат многу пари и така се одржуваат овие стереотипи.
Од друга страна целиот придонес на Европската унија кон Македонија со ИПА фондовите е 70-80 илјади евра што значи дека граѓанските организации придонесуваат со сличен обем, ама Европската унија се гледа како голем донатор и голем поддржувач во развојот на Македонија, а ние не сме тие.
За жал имаме премногу странски извори и затоа е таа перцепција, а би требало да е обратно, од тие сите пари само 10 милиони евра се од државниот буџет. За споредба во Србија се издвојуваат 120 милиони евра од државниот буџет за граѓанскиот сектор, Хрватска има 230 милиони евра, Словенија е колку нас голема но има 300 милиони евра… Кога државата ќе почне да дава пари на граѓанскиот сектор тогаш ќе се смени стереотипот за „странски шпиони”. Дали ќе станат приврзоци на политички партии ќе видиме кога ќе дојде до таква ситуација.
Државата треба да ги финансира невладините, особено оние кои ја критикуваат, бидејќи тоа е основата на граѓанското општество во западните демократии.
Изгубена е врската меѓу граѓанските организации и граѓаните, можеби тоа е затоа што сме повеќе орентирани кон донаторите отколку кон граѓаните, и таа врска треба да се јакне и да се негува и на крај да премине финансирањето од тие граѓани кои ќе видат бенефит од таа организација.
Еден пример од Холандија, Здружението на велосипедисти на Холандија е 175 годишна организација и се формирале кога излегоа првите велосипедисти за заштита на велосипедистите и слично, но сега во Холандија секој вози и има околу 15 милиони членови. По само 1 евро од човек тоа се 15 милиони евра само од членарина на организацијата, буџетот им е доста поголем бидејќи не е едно евро членарината, но видоа луѓето дека од тоа има корист и затоа во Холандија е така како што е, велосипедот е главно превозно средство, бидејќи здружението работи во интерес на велосипедистите. Тоа треба да го пренесеме во нашите работи, да ја зајакнеме врската со граѓаните за кои постоиме и работиме и тоа да се пренесе за неколку години и во финансирање на самите организации”, нагласи Кржаловски.