Почина Доналд Рамсфелд

од Vladimir Zorba
370 прегледи

Доналд Рамсфелд, пензиониран американски политичар, почина на 88-годишна возраст, објави „ЈуЕсЕј тудеј“.

Тој се прослави откако беше еден од најголемите поборници за инвазијата на Ирак во 2003 година. Кога станува збор за неговата политичка кариера, тој ќе остане запаметен по тоа што беше најмладиот државен секретар за одбрана, а исто така беше и водач на не-конзервативната фракција во администрацијата на Џорџ В. Буш.

Потекнува од семејство со благородно потекло, а образованието го стекнал на Универзитетот Принстон.

Слични содржини