Високиот американски функционер Филип Рикер во Охрид ја потенцираше потребата од меѓусебно признавање на Косово и Србија, што, според него, е трајно решение што треба да произлезе од нивниот дијалог.
Во изјавата на маргините на Форумот за дијалог во Преспа, Рикер изрази резерви во врска со негативната одлука за визна либерализација за патниците во ЕУ од Косово, за која смета дека ја ослабува мотивацијата за пристап кон дијалогот Косово-Србија во духот на компромис и флексибилност.
„Веруваме дека трајно решение е она што вклучува меѓусебно признавање, што ќе им овозможи на двете земји навистина да ги остават настрана разликите, да ја стават историјата во контекст и да тргнат кон посигурна иднина и стабилност“, рече заменик помошникот државен секретар на САД, Филип Рикер.