Средба Меркел-Џонсон: Рестрикции за патување

од Stefanija Kuzmanovska
304 прегледи

Британскиот премиер Борис Џонсон и германската канцеларка Ангела Меркел се состанаа во Англија во петокот, а главната тема на разговор беше воведување на ограничувања за патувања поради ширењето на многу заразната делта варијанта на коронавирусот во Велика Британија.

Средбата, одржана во руралната резиденција на британскиот премиер Чекерс, северозападно од Лондон, беше последна посета на Ангела Меркел на Велика Британија како германски канцелар и беше официјално посветена на продлабочување на односите.

Но, Џонсон исто така се обидел да ја убеди дека британската кампања за вакцинација, која помина долг пат, треба да им овозможи на британските граѓани оваа година да патуваат повеќе во странство.

Сепак, некои европски земји, вклучително и Германија, воведоа задолжителен карантин за патниците кои доаѓаат од Велика Британија, без оглед дали се вакцинирани.

Кабинетот на Џонсон соопшти дека Меркел ќе биде првиот странски лидер што ќе се обрати пред британскиот кабинет уште од поранешниот американски претседател Бил Клинтон во 1997 година.

Меркел се залага за построги европски ограничувања за патниците кои доаѓаат од Велика Британија.

Се поставува и прашањето дали последните три натпревари на ЕУРО треба да се одржат во Лондон поради ширењето на коронавирусот.

Италија ги предупреди навивачите од Англија да не доаѓаат во Рим во сабота на четвртфиналниот натпревар помеѓу Англија и Украина.

Слични содржини